Николај Слатински, бугарски професор по меѓународна и национална безбедност и некогашен пратеник, сподели на Твитер дека му било полесно да чита на украински јазик отколку на македонски, иако вели дека по потекло е од Македонија.



„Само да споделам.

Читам две книги – едната на украински, другата на т.н. македонски.

Јас сум Бугарин со корени од Македонија, но утврдувам дека полесно читам на украински отколку на т.н. македонски. Тој јазик од низа причини и ‘имплантации’ многу се оддалечил од бугарскиот!“, констатира секретарот за национална безбедност на експретседателот Георги Прванов.

Заклучокот на Слатински е занимлив од аспект на официјалната бугарска политика дека македонскиот јазик е само регионална норма (дијалект) на бугарскиот.