Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби дека не е оптоиварен со функцијата која ја има и дека негова смена ќе има кога лидерот на ДУИ го побара тоа.
„Ова е таа партијата која се бори за зелена иднина и за европска демократија.
Ма ним само мозокот им е зелен ништо друго, а мислат дека демократија на ДУИ јазик се пишува мафија.
Наместо претседател имаат кум на кој му ги мијат нозете“, напиша Најчевска на Фејсбук.
Инаку Груби за негова оставка изјави: „Кога Ахмети ќе ми каже седи дома, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б“.






