Премиерот ќе го предложи главниот ИТ експерт од ФЗОМ за државна награда!?

„Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, одговори вчера премиерот Димитар Ковачевски на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката.



Премиерот во одговоротѕ додаде дека „доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад“.

Ковачевски вели дека одговорностсе бара кога за тоа постои реална причина, а во овој случај, како што рече, тоа не е така поради три причини.

Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализрано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорсите извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори.

Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во монментот кгоа се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо.

Трето кога е веќе јасно дека со конретнава работа и навремено се спремале и соодветно одгоовирле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите, истакна Ковачевски.