Грчкиот пратеник од Нова Демократија Димитрис Керидис вели дека бугарскиот однос кон Македонија е ненамерна, но очекувана последица од Преспанскиот договор.



„Искрено го предвидов ова“, вели Керидис за Гласот на Америка.

„Можеше и требаше да се избегне. Одредбите од Договорот за националниот идентитет и јазикот беа во спротивност со историското разбирање на Грција и Бугарија. Но, за Грција, од неговата ратификација, Договорот стои и е правно обврзувачки.

Ние сега сакаме да работиме на натамошно развивање на нашите односи во корист на мирот, стабилноста и просперитетот во нашиот регион, вклучително и зајакнување на европската ориентација на нашиот сосед “, рече Керидис за Гласот на Америка на македонски јазик.

Керидис, кој е член на парламентарниот комитет меѓу САД и Грција, вели дека Грција работи со бугарските пријатели да помогне во спорот меѓу Скопје и Софија.

„Мислам дека брзо ќе се најде решение. Грција отсекогаш ја поддржувала интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Ние сме близу до с. Македонија. Сакаме да видиме развој надвор од моменталната тешка ситуација“, рече тој.