Откако вчера во одбрана на неговиот син обвинител спикерот на Собранието Талат Џафери му ги спомена децата пратеникот Игор Јанушев порачува дека тој што ќе ги спомене неговите малолетни синови нема да мине добро.
Јанушев е подготвен за било каков јавен судир со синот на Џафери откако вчера спикерот во обрана на своето дете кое со неположен правосуден испит станало обвинител, нечовечки ги нападна малолетните деца на пратеникот.
Пратеникот е подготвен цело собрание да биде проверено на дроги но и на прекумерна употреба на алкохол која се поврзува за високи собраниски функционери.
,,Ако Талат или било кој ми ги спомне уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши. И ова не е закана, ова е ветување! – at Собрание на Република Македонија
Со тоа да излезам надвор да се видам со син му ако мислеше да ги вкрстиме нашите правни познавања, бидејќи и јас сум дипломиран правник, тогаш не надвор, му предлагам да одбере на било која ТВ, било кога, под било кои услови, да го вкрстиме знаењето за правната проблематика.
А, ако мислеше на некоја друга пресметка, нема проблем и за таква. Но, не надвор и не без камери, со камери, за да не биде после не видов, не знам, кој кого, повеќе беа или помалку беа. Не бегам од тоа. Нека нема дилема за тоа дали се плашам!
Ако се сомнева дека било кој во Собраниево користи дрога, слободно заклучете ги вратите, повикајте служби, би ја повикал и цела Влада, но донесете и дрегери и ќе направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите”, порача Јанушев.






