Кои сектори имаат најниски плати!? Треба да работат 4 месеци за да земат колку најплатените работници

airliner with a globe and autoloader with boxes in a container

Наспроти најплатените работници во земајва, каде како што објави Фактор убедливо на врвот се работниците од сектор „воздухопловен транспорт“ со 94.537 денари плата.



Наспроти нив работниците кој се најдоа во групата топ пет најниски плати, треба да работат четири месеци за да земат колку што добиваат претходно споменатите за само еден месец.

Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата 21.310 денари.

Рибарство и аквакултура  22.918 денари.

Производство на облека  23.144 денари.

Производство на кожа и слични производи од кожа  23.190 денари.

Дејности за подготовка на оброци и служење на храна  23.566 денари.