Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на претседателот на собранието дека нема ништо споро што неговиот син ќе б иде избран за јавен обвинител.



Џафери: И моите деца ги имаат истите права и можности во ова општество

„И не, не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг.

Токму затоа што е син на висок функционер мора да се внимава на можноста да бенефицира од позицијата на таткото.

Токму заради тоа постојат и членовите 56 и 74 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Ама, како што реков, не можам да очекувам од човек кој дошол на функција како награда за своите терористички активности и останува на функцијата заради припадноста на мафијашката организација ДУИ да го знае, а камо ли да го спроведува правото“,објави на Фејсбук Најчевска.