Министерството за внатрешни работи денеска било известено дека закани за наводно поставени бомби пристигнале на електронските адреси на 14 училишта во Скопје.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопштија од МВР.
Вчера имаше дојави во 86 школи, што е досегапшена „рекорд“, но и во една градинка и во Заводот за рехабилитација во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп.
По проверките, беше утврдено дека дојавитењ биле лажни.







