Силен земјотрес со јачина од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина.
Земјотресот беше силно почувствуван во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг.
По првиот удар, следеа потреси со јачина од 6,8, 7,3, 5,0, 4,6, 4,9 степени според Рихтеровата скала.
На социјалните мрежи се појавуваат снимки од земјотресот, кој освен во Кина, силно се почувствува во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Киргистан.
Засега нема извештаи за жртви.






