Србија апси шверцери со мигранти кои влегуваат од Македонија и Бугарија

Од лани во јули до сега српските мешани воено – полициски патроли кои што ја чуваат границата со Македонија и Бугарија уапсиле 156 луѓе кои што се обиделе да внесат странски државјани во земјата, изјавил портпаролот на српското министерство за одбрана Јован Кривокапиќ.



Најголемиот број на шверцери се од Србија а по нив следуваат луѓе од Бугарија, Авганистан, Ирак Австрија и Холандија, Кривикапиќ не граѓани на Македонија како дел од шверцерските групи иако во изминативе 6 месеци најмалку 5 Македонци беа уапсени во Грција за истото кривично дело.

„За само неколку часови страв транспорт на мигранти во нехумани услови на шверцерите им носи заработка и од 20 илајди евра“, изјавил Кривикапиќ.

Според него српските власти од лани до сега околу 22,700 луѓе се обиделе да влезат во Србија преку Бугарија и Македонија. На територијата на Србија се уапсени 1334 мигранти кои што се сместени во привремени прифатни центри.