Власта нема решение за бомбите, граѓаните револтирани

Денеска нови дојави за бомби пристигнаа во дури 66 училишта во главниот град, и во едно училиште во Прилеп. Дојава пристигнала и до една градинка. Утринава со свои статусти за закани во основните училишта се огласија градоначалниците на општина Гази Баба и Ѓорче Петров каде заканувачки мејлови пристигнале во сите освновни училишта. Но, тие не се единствените, закани притигнаа и во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ и ОУ „Коле Неделковски“ во ценарот на Скопје, но и други училишта.



–  Во сите основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. Сите во моментов се наоѓаат на безбедни локации. Очекувам експресна реакција од надлежните служби за јавен ред и мир и безбедност и истовремено најостро го осудувам овој чин. Апелирам што поскоро надлежните институции да преземат итни чекори. Оваа појава мора веднаш да се искорени. И децата и родителите се вознемирени, а дојавите за бомби, за жал, ни станаа секојдневие – напиша градоначалникот Александар Стојковски на својот Фејсбук профил.

Новите дојави предизвика нов бран на револт и гнев кај родителите, кој панично брзаа да ги преземат децата од учителките кои ги изнесуваат од училиштата веднаш штом стигнат дојавите. Но, најголем дел од нив се револтирани бидејќи заканите се повторуваат предолг период и никако да се најде од каде потекнуваат, ниту пак да се стави крај на заканите по животот на најмладите.

Револтирано коментираат дека МВР со месеци не може да го нјаде сторителот, што според нив е недозволиво.

–  Колку и да доаѓаат од надвор заканите, колку и да е тешко да се влезе во траг на испраќачот, сигурно дека има начини да се стави крај на оваа параноја. Знаеме дека сите досегашни дојави се лажни, но сепак, тоа не значи дека не стравуваме за децата. Дополнително што мора да излегувам од работа, да трчам да го земам детето од учителката, а има родители кои не можат и да излезат од работа, па зимаме по неколку деца – вели една револтирана мајка која се јави до рекацијата на Фактор.

Но, таа не е единствената која е револтирана од дојавите кои никако да престанат. Многу жители на главнот град се веќе фрустрирани од повторувањето на дојавите и бараат конечно решение на проблемот.

–  Денеска немаме дојава, но во училиштетот каде учат моите деца имаше дојави кога беше најладно. Децата на ладно чекаа да ги земат родителите. Јас воопшто не бев во можност да излезам, морав да го замолам брат ми да ги земе, среќа што имам кој. Има родители кои не можат да излезат, и децата остануваат долго на отворено.  Дополнително што после стоењето надвор на ладно, децата се разболеа. Да не зборувам што со денови мора да зборуваме за бомбите, што е тоа, да се објаснуваме, со оглед дека се мали – вели една мајка на првачиња во училише во населбата Аеродром.

Но, загриженсота не е само кај родителите на деца од основните, туку и на оние со деца во средните учишта, и воопшто загриженоста кај граѓаните е голема бидејќи дојави има и во разни трговски центри, на меѓународниот аеродром во Скопје, во хотели, во згради…

Линк до целата анализа на Фактор.мк.