Потпретседателот на ДУИ и пратеник во Собранието, Изет Меџити, но и еден од неформалната раквија во ДУИ, го повика Артан Груби и, како што рече, другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал, пренесе Телма.
Според Меџити, Груби со измама станал пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови дошле токму од Сарај. Обвини дека тој со измама влегол и во владата во 2020 година, без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството.
Меџити на собир во Сарај рече дека Артан Груби, освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмети опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други.
На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Груби и неспособните министри.






