Даравелски се поблиску до слобода

Нема ништо спорно во одлуката на судот на поранешниот директор на македонската Царина, Драган Даравелски да му се дозволи повторно судење на кое ќе биде констатирано застарување на кривичниот прогон, категоричен е претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев откако по сите правни перипетии настана апсолутна застареност на стореното кривично дело, а со тоа и евентуална казна за Даравелски.



Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев одлуката на неговиот суд ја оправдува со Европската конвенција за екстрадиција според која, известувањето за пресудата што некој ќе го добие во екстрадициски притвор нема да се смета за формална забелешка.

Ова е и одговорот на Џолев околу дилемата како судиите поверувале дека Даравелски дознал за пресудата во последната година ако се има предвид дека во Србија беше во екстрадициски притвор на барање на неговата матична држава Македонија.  Според него, без разлика што поранешниот директор на Царина сам се предаде на македонските власти, сепак, за него има активна постапка за екстрадиција.

„Нашата држава дала гаранција на правото за повторно судење во 2015 година, кога бил приведен во Белград и било побарано негова екстрадиција. Европската конвенција за екстрадиција вели дека кога замолената страна односно Србија,ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција, за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, ова известување страната молител, односно Македонија  нема да го смета за формална нотификација. Тоа значи дека не тече рокот од една година, иако сите знаеме дека бил во притвор, знаел и бил известен за пресудата“, рече денеска Џолев на средбата со медиумите. 

Целата анализа на следниот линк:

https://www.mkd.mk/makedonija/sudstvo/daravelski-sje-poblisku-do-sloboda-skopskiot-krivichen-sud-veli-taka-nalagaat