Жестока јавна осуда за „канцерот“ во правосудниот систем

Остри реакции, негодувања, но и иронија донесоа снаите, синовите ќерките и сопругите на политичари и обвинители кои положија завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители и се на чекор да гонат или судат криминал. Адвокатот Јанаки Митровски не е изненаден што 18 отсто од положените кандидати се „деца“ на звучни имиња. Драган Пешевски, исто така адвокат, остро реагира и вели: „Срам да ви е!“. Воислав Димоски, адвокат и ексобвинител смета дека решение за ваквата појава е ветинг – пишува Макфакс.



Митровски смета дека има проблем во изборот на вакви кадри за судии и обвинители.

„Воопшто не сум изненаден од информациите кои излегоа во јавност дека една петтина од конечната ранг листа се деца на политичари суди обвинители. Напротив сум „изненаден“ нискиот процент и очекував да биде дупло поголем. Како адвокат кој имал родител етаблиран адвокат можам да направам компарација. Конкретно, јас дипломирав во петок и почнав во понеделник. Сум ги поминал сите чекори од носење бурек до пишување жаби. Сметам дека не им прават добро на своите деца бидејќи од старт им го подриваат авторитет“, посочи Митровски за „Макфакс“.

Пешевски посочува дека со вакви избори, ќе нема кој да го гони високиот криминал и корупцијата.

Целиот текст на следниот линк: