Ссудскиот вештак Зекирија Зекири денеска, по трет пат не се појави на судското рочиште за случајот за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, за да го презентира клучното супервештачење кое треба да објасни која е вистинската причина што ја предизвика сообраќајната несреќа што се случи во јануари 2019 година.
Од Основниот кривичен суд Скопје не можат да тврдат дали Зекири намерно ги избегнува судските рочишта и дали тоа има врска со неговата поврзаност со политичката партија ДУИ за која се врзува сопственикот на фирмата „Дурмо турс” чиј автобус ја предизика несреќата кај Ласкарци, кажа денеска на брифинг со новинарите, претседателот на судот Иван Џолев.
Но, Судот има право да го казни и Бирото за судски вештачења од кое Зекири е избран да го изработи побараното супервештачење.
Обвинителот Дарко Јакимовски, рече дека доколку вештакот Зекирија Зекири се појави на некое од следните рочиште, тој го задржува правото да продолжи со негов распит што беше прифатено од стграна на судот.
Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, а во неа загинаа 16 луѓе а повеќе од 30 беа повредени.
Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година.
