Путин: Русија се повлекува од договорот со САД за нуклеарното оружје!?

Рускиот претседател денеска го обвини Запад за војната во Украина за време на неговото обраќање до нацијата и на само неколку дена пред една година од руската инвазија.



Тој ја нарече западната интервенција низ годините „кампања на терор“, додавајќи:

„Сакам да повторам дека тие се виновни и виновни за војната и ние ја користиме нашата сила за да ја запреме“.

Во денешното обраќање кое траеше еден час и 45 минути, рускиот претседател соопшти дека Русија се повлекува од договорот за нуклеарно оружје кој беше потпишан со САД.

Откако ги обвини НАТО и САД за недостаток на соработка, Владимир Путин рече:

„Затоа сум принуден да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за стратешка контрола на вооружувањето“.

Путин додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори истото.

Во првата американска реакција на денешниот говор на Путин, висок американски функционер рече дека тоа е „апсурдно тврдење“.

„Никој не ја напаѓа Русија“, изјави за АФП Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

„Идејата дека Русија е воено загрозена од Украина или некој друг е целосно апсурдна, таа идеја нема апсолутно никаква смисла“, рече Саливан.