“Фактор” открива: Дали оваа најуспешна банка ја зголеми добивката за 56% лани?!

УНИ Банка има одлични вести на своите акционери. Годината е повеќе од успешна, а особено е импозантен растот на профитот, пишува “Фактор”. При тоа вреди да се нотира дека приходите се толку солидно реализирани што во билансот на успех не ги засегнале ниту зголемените трошоци за резервации.



УНИ Банка има резултат за почит во минатата година. Особено затоа што е постигнат во најострата конкуренција односно во сегментот на средни банки на нашиот банкарски пазар.

Официјалните годишни податоци на оваа банка покажуваат дека УНИ Банка успеала да ги зголеми нето приходите од камати и особено од провизии и надоместоци, а значајно да приходува и од курсни разлики како и од други оперативни приходи. И истовремено со тоа да ги зголеми расходите за своите вработени за 6,3 отсто во споредба со претходната година.

Дополнително значење на финансискиот резултат на УНИ Банка дава и тоа што во овој период се зголемени издатоците за резервации.

Да почнеме со ред. Лани УНИ Банка инкасирала 15,8 милиони евра нето приходи од камати. Тоа е за 2,16 милиони евра повеќе од претходната година.

Дополнително на ова банката книжиособен нето раст на приходите од провизии и надоместоци. Тие се зголемени за речиси 40 отсто и на крај на 2022 година достигнале 5,2 милиони евра. Тоа е за 1,45 милиони подобар резултат од претходната година. Тој укажува на факт дека банката го зголемила своето пазарно учество на овој сегмент од финансиските услуги.

 Значајно е да се истакне и тоа што банката прокнижи раст на приходите од курсни разлики и тоа за 24 отсто до износ од 688.000 евра.

Во овој период оваа банка за резервации на ризични пласмани издвоила 6,73 милиони евра што е за 29 осто повеќе од претходната година. Токму овој податок дополнително ја засилува перцепцијата дека УНИ Банка лани работела значајно подобро на приходната страна во споредба со претходната 2021 година.

Повеќе детали на Фактор.мк