Цените во Европа достигнаа и до 49 евра за мегават час, а кај нас за гасот се плаќа двојно повеќе, односно за февруари, цената изнесува 98,7 евра за мегават час.



ЕСМ Продажба денеска ќе објави повик за набавка на нови количини на гас за месец март.

Од компанијата велат дека на цената на гасот има и екстра трошоци за државни такси, закуп на капацитети и маржи за трговците, објави Телма

Во дописот од компанијата се наведува дека и во повикот за март, фиксната цена ќе остане задолжителна.

Иннку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува бугарската фирма „Јутилитис“.

Досегашните пресметки на крајните цени покажаа дека со склучувањето на договрите со фиксна цена, за двата месеци ќе се плати поскапо.