ИТ експерт тврди дека Македонски Телеком е одговорен за хаосот во ФЗО

ИТ експертот Роберт Милески чија фирма соработува со врвни светски компании смета дека според договорот што ФЗО го има склучено со Македонски Телеком оваа компанија е одговорна за блокадата и падот на ситемот во фондот за здравство.



,,Разгледувајќи ги јавните набавки на ФЗО, налетав на главната – договор за приватен клауд и миграција на апликациите и базите на податоци. За оваа набавка потрошени се 638 илјади евра за две години клауд (2023, 2024), а набавката ја добил МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Од она што го прочитав, тие се виновни за ова што се случува со базите на податоци, бидејќи според договорот тие биле надлежни за миграцијата. Во договорот е предвидено Телеком претходно да достави тест сценарија од експериментална миграција, пред да се започне со реалната миграција, а исто Телеком е одговорен за било каков настанат проблем при миграцијата или вклучувањето на системот онлајн.

Друг интересен детал е јавното признание на фондот дека располагале со секундарна локација за бекап на системот, но таа “поради одредени проблеми и недоследности” воопшто не била во функција. Кој ова го дозволил е катастрофа за една државна институција како ФЗО. Тотална неодговорност!

Јас си поставувам прашање дали во моменталната ситуација ФЗО воопшто ќе може да врати делови од податоците, кои би биле неповратно изгубени во зависност од тоа кои делови од системот се нападнати, бидејќи се работи за многу сложен информациски систем со многу потсистеми”, пишува Милески објавувајќи линк до јавната набавка: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ee4c0a47-dd53-451e-a6d2-fe56423d3562