Обвинителството го истражува случајот Латас – Лазаров по пријава од МВР

Скопското јавно обвинителство го истражува случајот Латас – Лазаров.



Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, во кое Павловиќ раскажува дека како 15-годишник тој имал прво сексуално искуство со малтретирана девојка.

Во видеото двајцата со Лазаров се смеат за случајот.

„Има известување од МВР. Предметот е распореден кај обвинител, ќе видиме како натаму ќе се одвива случајот, одговори Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК.

Повеќе детали на СДК.мк