Црно им се пишува на Груби и Ахмети ако ,,Огнените” се договорат со БЕСА и Алтернатива

Доколку фракцијата во ДУИ позната како ,,Огнена група” на следните избори целосно се одвои од крилото под контрола на Али Ахмети и Артан Груби сегашното раководство на партијата ќе доживее дебакл по кој ќе треба да оди во опозиција.



Ова го тврди член на ,,Огнената група” кој има увид во две анкети кои се спроведуваат последниве 30 дена во Македонија.

Според изворот кој инсистира на анонимност а за кој редакцијата на expres.mk смета дека е релевантен политички фактор Ахмети и Груби во случај на коалиција меѓу ,,Огнените”, БЕСА и Алтернатива на Гаши нема да се спасат ниту со предизборна коалиција со Алијанса.

Спас за Ахмети а особено за Груби ќе нема дури ниту ако ДУИ и Алијанса одат во предизборна коалиција со СДСМ, сценарио кое се заговара на повеќе инстанци.

Изворите тврдат дека наскоро на јавноста ќе им бидат обелоденети информации од истражувања на јавност според кои доколку Касами, Гаши и Меџити направат коалиција ќе направи целосен пресврт на политичката сцена по кој според нив Ахмети кој е заложник на Артан Груби ќе оди во пензија.