Речиси секој трет во Бугарија е пензионер

На крајот на декември минатата година, во Бугарија имало 2.030.318 биле пензионери, а просечниот износ на пензијата достигнал 674,54 лева, покажува годишната статистика на Националниот институт за социјално осигурување, пренесува БГНЕС.



Според пописот на населението од 2021 година, Бугарија има 6.519.789 жители.

Поголемиот дел од населението, 72,5%, живее во урбани средини

Од 2019 година, Софија е најнаселен урбан центар со 1.241.675 луѓе, а потоа следат Пловдив (346.893), Варна (336.505), Бургас (202.434) и Русе (142.902).