Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во видео-порака објави дека братот на првиот вице-премиер Артан Груби, купил деловен убјект на улица „Македонија“ кој чинел околу половина милион евра. .



„Овој деловен простор е со површина од 127 м2, и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби. Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра.

Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.

ДКСК и ЈО да не чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.

Утре продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи“,порача Лефков.