Грците во Грција, но и оние во дијаспората треба да бидат уверени дека ќе ги заштитите сегашните и идните грчки национални интереси така што во договорот за името ќе бидат исклучени сите деривати на зборот „Македонија“ дури и како сложено име, стои во писмото адресирано до грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕиас, од таканаречената „Македонска лига“, една од организациите на грчката дијаспора во САД.



Во писмото потпишано од извесен Маркус А. Темплар, советник за национална безбедност на организацијата се предупредува дека несоодветно име може да довде до проблеми што ќе  го дестабилизираат регионот.

Сега кога Грција и поранешната Југословенска Република Македонија (пЈРМ) се блиску до потпишување на постојан договор за името се поставува прашањето, што „ново“ Скопје ќе прави со институциите што ги создаде неговата дијаспора а сите претходни влади ги поддржуваа, вклучувајки ги оние во земјата, во странство па и во Грција.

Откако последиците од претходната култура ќе почнат да се намалуваат, се вели во писмото, пЈРМ ќе мора да почне да го преразгледува идентитетот на својот словенски народ преку јавно охрабрување и образование.

„Во вечна Македонија, може да опстојува само една етничка припадност – грчката“, се вели на крајот од писмото до Никос Коѕиас.