Атлетичарка собори рекорд стар 41 година

Атлетичарката Фемке Бол го собори речиси 41-годишниот светски рекорд на 400 метри во сала на националното првенство на Холандија, пренесува Хина.



Досега актуелен светски рекорд беше времето од 49,59 на легендарната Чехиња, Јармила Краточвилова, која тој резултат го постигна на 7 март 1982 година.

Но, младата Холанѓанка го спушти времетео со новиот рекорд на 49,26 секунди.

„Овој резултат е големо изненадување и за мене“, изјави Бол, која на последните Олимписки игри во Токио го освои бронзениот медал на трката на 400 метри со пречки.

Таа го освои и светското сребро во истата дисциплина и три европски златни медали освоени на шампионатот во Минхен минатата година, каде беше најдобра на 400 метри и 400 метри со пречки и беше дел од холандската штафета 4×400 метри.