
Смешно е што дозволуваат членовите и активисти на ДУИ, Артан Груби да ја приватизира партијата и да ги злоупотребува соопштенијата од ДУИ за да го одбрани сопствениот криминален октопод. Груби во неговото опкружување е познат како верен послушник на некои поранешни политичари и државни функционери кои се дел од тие процеси за кои ДУИ пишува соопштенија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека неговата криминализираност исто како и неговиот идол е до степен на клептоманија.
– Артан Груби кој важи близок до коцкарското лоби, на Македонија гледа како големо казино. Овој пат ДУИ се коцка со судбината на Македонија и на Албанците и на Македонците. ДУИ наместо во немоќ да навредува и клевети, треба да се позанимава како се случи пожарот во модуларната болница, како се случи несреќата во Ласкарци, автобуската несреќа во Бугарија, истакнаа од партијата.
Посочуваат дека неспособноста на Артан се плаќа со животи.
– Секој почеток има свој крај, а крајот на Груби во политика се ближи, порачаа од партијата.
ДУИ претходно објавија соопштение во кое велат дека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти и целата држава. Ова е вистинска корупција. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за земање заложници. Нема поголема корупција од тоа што ВМРО ДПМНЕ ги држи во заложништво своите граѓани и нивната европска иднина, рекоа тие.





