Профилот на премиерот Ковачевски на Твитер вчера објави чудна фотографија со него од кратката средба со екс спикерот на американскиот законодавен дом Ненси Пелоси.

Вообичаено прес службата во владата или партиската ПР екипа на Ковачевски на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои тој некогаш е сериозен, често е насмеан, а понекогаш делува самоуверено или задоволно.
На оваа фотографија ликот на премиерот Ковачевски има сериозно ниво на траорност каква што кај него досега не е забележана.
Зошто Ковачевски на оваа фотографија не е насмеан ниту покажува задоволство туку покажува како да има некоја мака не може да се заклучи од неговиот твит.
Од твитот не се открива што точно му кажала Пелоси на македонскиот премиер.
Чест ми беше да се сретнам со @SpeakerPelosi, голема пријателка на нашата земја, и да се заблагодарам за нејзината долгогодишна поддршка и придонес кон стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија. pic.twitter.com/p0yleJoyi8
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) February 18, 2023
Најчитани вести
Може и поочајно, нивни министер ги ,,изгоре” за 600 милиони евра
На Горан ,,Сакам да кажам” не му се верува колку е неспособна владата на Ковачевски





