Зграда на пет ката наскоро ќе никне во паркот кај хотел „Јадран“ во строгиот центар на Скопје.



Петкатница во Мал Ринг на неколку метри од Плоштад Македонија во строгиот центар на Скопје веќе е започната ќе се гради на сегашното зелено паркче со димензии 30 х 35 метри, објави „Фактор“.

Фирмата „Сколимекс“ доби дозвола за градба, издадена од страна на Општина Центар на 2 ноември 2021 неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ.

Со тоа, паѓаат во вода сите напори на станарите од околните згради да се заштити паркот и да се спаси последната зелена површина во Мал ринг.

Градител на зградата е фирмата „Сколимекс“, а одобрението за градба е издадено од Општина Центар на 2 ноември 2017, кога на функција уште беше градоначалникот Саша Богдановиќ.

Неодамнешно истражување покажа дека адвокат од Лихтенштајн, што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, е сопственик на компанијата која ја доби парцелата за изградба на петкатница на парцелата која претходно важеше за „последна зелена површина“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг.