Грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес-конференција по денешната средба во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ и со своите колеги Бојко Борисов од Бугарија и Михаи Тудозе од Романија испрати порака и до Македонија.
„Можеби 2018. е годината во која би можеле да имаме позитивен развој во однос на хроничниот проблем ако новата влада на Бивша Југословенска Република Македонија, на ‘Скопје’, направи решителен исчекор. Според мое мислење, мора да престанат со непотребната реторика дека тие се единствените потомци на Александар Велики. Ако запре таквата реторика и истовремено се прифати заемно прифатливо решение за името, се разбира, Грција ќе биде прва што ќе ги гарантира перспективата, развојот и безбедноста на соседната земја“, рече Ципрас.





