Од опозициската партија одговорија на изјавата на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Мариќиќ дека е време да разговара си ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
„Секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници коишто се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме можност за Бугарите, за ние да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари.
Ние сме Македонци и самата дистинкција дека има и Бугари коишто со последниот попис се 3000 и стотина“, порача Маричиќ во интервју за Македонското радио.
Од ВМРО-ДПМНЕ на ова велат дека Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните.
„Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта.
На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот.
Единствено за што власта може да разговара со ВМРО-ДПМНЕ е потребата за предвремени парламентарни избори, бидејќи е јасно што побрзо си замине оваа криминална влада, тоа ќе биде подобро за Македонија, стои во реакцијата на опозициската партија.






