Шефицата на комуникации во Фондот за здравство се закани со тужба за сите што ќе ја вознемируваат за скандалот со хакерскиот напад

Раководителката на секторот за комуникации и административна поддршка во Фондот за здравство кој е под хакерски напади Менче Точи се закани дека ќе ги пријави сите што ќе ја нападнат во врска со скандалот во ФЗО.



,,Во последите денови на социјалните мрежи( на Фејсбук чат-пат погледнувам колку ми дозволува времето) за Твитер ми кажуваат, дека сите напади за хакерскиот напад на ФЗО се насочени кон мене, лично. Што ви е бре луѓе? Зошто го етикетирате моето име.

Ниту сум официјален ПР, ниту кројам политика, ниту носам одлуки, ниту одговорите се мој личен став, си има менаџмент, одговорни за информатика, а сепак моето име е на тапет. Пак ќе повторам работата е поинаква тука, не е како во министерствата, не сум портпаролка, Раководител сум на оддел за комуникации и административна поддршка и го преземав делот за комуникација со медиумите.

Некои новинарки неможеле да земат пари за породилно па на клоци дигнаа се, здравствените работници знам како им е кога чекаат плата, ама и за тоа не сум виновна јас, се работи на оспособување на системот. Тоа не е ни лесно, ни едноставно. Во овој момент лаги и шпекулации од типот “ги украле парите па сега нема за исплата“, стварно се простачки и невкусни. Точно е, јас работам во ФЗО и ги пренесувам ставовите на институцијата и што е тука драмата. Што се обидувам да објаснам што се случува во моментот и какви упатства се даваат на лекарите, аптеките?

Во ситуација кога сите треба да сме прибрани и трезвени, шпекулациите носат поголемо зло и создаваат вознемиреност кај граѓаните. Тоа барем новинарите треба да го знаат.

Во врска со интегрираниот информатички систем од 2009 та па наваму и каде се парите, добро е новинарите и со тоа да се позанимаваат. Има мои текстови, ќе најдат. Или нека истражат. Јас веќе никому нема да помагам со информации од порано.

И на крај -треба ли да пријавам за вознемирување? Ајде и тоа ќе го сторам, ако се продолжи со притисокот. Ќе биде пријавен секој кој ме етикетира, шири дезинформации, говор на омраза и ме вознемирува.

А, новопечените мајки новинарки, (кои се однесуваат како само тие да имаат деца) нека си најдат некоја друга занимација, нека ме остават на мир мене. Зошто се однесуваат како некој намерно ова да им го прави? Не слушнале за хакерски напад до сега? Мој ФБ профил беше хакиран 7 месеци, цела истрага се направи ,се најдоа кои се хакерите, случајот е во ОЈО. Дали на меѓународна основа ќе потегнат нешто? Не знам, а и не верувам. Но, јас знам низ што се поминав.

Инаку, новинарките парите ќе си ги добијат кога ќе се оспособи системот, исто како и сите други, така да нивните деца нема да останат гладни, боси и голи. Проблемите ќе останат на Фондот кога ќе заврши оваа одисеја, не кај нив. Тие ќе си добиваат редовно породилно боледување. Нема да ве читам веќе, се обидов само да дадам објаснување на еден пост, но во иднина ќе пријавувам за секое вознемирување и етикитирање”, пишува Точи во реакција за јавноста.