Адвокатот Тони Менкиноски кој учествувал во 16 одлуки на Судот за човекови права во Стразбур со кои Македонците во Бугарија ја победиле официјална Софија ја уништи пропагандата на власта која вчера сакаше да прикаже дека власта е победник во предметот за аболицијата на претседателот Иванов.
Менкиноски во емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ цитира делови од решението според кои судот веќе нашол прекршувања направени од македонското правосудство кои треба да бидат исправени од страна на македонските судови.
Според него триумфализмот на власта и медиумските извештаи според кои власта е победник во предметите пред Стразбур се лажни вести.
Менкиноски кој не е дел од ниту еден од тимовите за предметите кои се разгледуваат од Стразбур вели дека судот им дава шанса на македонските судови да ги исправат направените грешки кои се утврдени од судот.
,,Според тоа, Судот одлучи дека на националниот судски систем, кој може директно да ја применува Конвенцијата, треба да му се даде шанса да ги реши жалбите и да ги исправи сите прекршувања на Конвенцијата што ќе ги утврди”, пишува во одлуката на Судот која што укажува дека кога ќе бидат исцрпени сите судски инстанци а македонските судови не ги поправат грешките Стразбур ќе ќе одлучи во корист на барателите.
Овој дел од е емисијата е од 35 минута од видеото






