Четири лица беа извлечени од урнатите згради повеќе од 10 дена откако се случи земјотресот.
Спасувачките екипи по 258 часа го извлекле 29-годишниот Неслан Килик од урнатините во Кахраманмарас, јавува државната новинска агенција Анадолу.
Лекарите рекоа дека е во стабилна состојба и разговара.
Во Екинџи по 260 часа под урнатините бил извлечен 12-годишниот Осман Халебије, а еден час подоцна во Антакија спасувачите ги пронашле живи Мехмет Али Сакироглу (26) и Мустафа Авџи (34).
За жал, најмалку 38.044 луѓе се потврдени за загинати, објави АФАД, агенцијата за катастрофи во Турциа, рано наутро во петокот.
Сириската влада и Обединетите нации тврдат дека во Сирија има повеќе од 5.800 жртви.






