Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе разговара со својот кинески колега Си Џинпинг за соборувањето софистицираниот кинески шпионски балон претходно овој месец од страна на американските воздухопловни сили, пренесеоа медиуми



Тој рече дека САД „не бараат нова Студена војна“:

„Не се извинувам што го срушив тој балон…Ние секогаш ќе дејствуваме за да ги заштитиме интересите на американскиот народ и безбедноста на Американците“, рече Бајден.

Соединетите Држави се во состојба на висока готовност откако беше забележан џиновски бел балон од Кина кој следи низа строго тајни локации за нуклеарно оружје пред да биде соборен во близина на источниот брег.

Кина тврди дека балонот бил само уред за метеоролошки истражувања, но американските власти велат дека имаат силни докази дека балонот бил испратен за шпионски цели.

Инцидентот предизвика дипломатски проблем, а државниот секретар Ентони Блинкен ненадејно ја откажа посетата на Кина.

Пекинг го обвини Вашингтон за претерана реакција и рече дека американските балони летале над кинеска територија, што администрацијата на Бајден го негира.