Извор во компанија која има меѓународна експертиза за мрежни решенија на државни и други институции тврди дека во Фондот за здравство е направена огромна грешка на менаџментот која што можеби нема да може да се исправи.
Изворот тврди дека менаџментот презел чекори со престижна софтвер компанија на која и се ветени огромни парични средства само да профункционира системот поради чија хаварија нема ниту плати ниту Здравственото осигурување за здравствените работници.
Според информациите од инсајдерски извори
избришан е важен дел од системските податоци во ФЗО.
Теоретски можно е ИТ експертите да успеат да ги вратат избришаните податоци за кои постои сомнеж дека се на осигурениците во државата но и личните трансакциските сметки на која се уплаќаат платите.
Посебен страв кај експертите е ако некој намерно ги избришал податоците откако дошол до личните сметки на осигурениците.
Доколку избришаните информации не бидат вратени македонскиот здравствен систем ќе се врати дваесет години назад и му се заканува колапс.
ФЗО кој го видат директори на СДСМ и ДУИ засега не даваат оставки поради досега невидената хаварија на една државна база со најважни податоци.
ФЗО е најбогата државна институција со околу 600 милиони евра годишен буџет.






