Вардар и Металург по втор пат сезонава ќе се сретнат во регионалниот ракометен шампионат во кој позициите им се дијаметрално спротивни бидејќи Вардар е прв, а Металург дури седми. Има тоа влијание и важност, но за дуелот од 20.45 во Јане Сандански ниедна премиса не мора да важи и да биде точна, па со самото тоа ниту да даде насока за конечниот резултат.
Црвено-црните го победија најлутиот ривал во септември со 32-23, и потоа наредија уште осум победи, без никаде да запрат, без да „олабават“. Сините се повеќе падни отколку стани и во деветте средби имаат само три победи, што е ефект кој е далеку од сите остварувања во последните години. Но Во Автокоманда имаат телент, сила, квалитет за повеќе, и сите се убедени во тоа.
„Мораме да одиграме мотивирано и знам дека тоа нема да ни недостига на овој натпревар. Ќе мораме да се бориме буквално од првата до последната минута ако сакаме изненадување“, изјави пред мечот тренерот на Металург, Александар Јовиќ
„Очекувам интензивен меч, како и секогаш, очекувам и публиката да биде во салата. Ние сме фаворити, но треба и така да се однесуваме“ рече тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.