Морачанин: Нема никаква дилема, јас можам да бидам и во опозиција

Партијата ДОМ ја условуваат подршката на Владата и на парламентарното мнозинство и бараат во следните 100 дена да се спроведат програмските приоритети на партијата:



-Да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекниот имот заради ефикасна борба против корупцијата;

-Да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите

-Да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност.

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вели дека партијата може да оди во опозиција.

„Нема никаква дилема. Јас можам да бидам и во опозиција..ако овие наши барања не се реализираат и повторно стагнира целиот процес, јасно е дека ДОМ ќе оди во опозиција“, Морачанин во емисијата „Аргумент плус“.

Пред два дена ЦО на ДОМдонесе одлука партијата да ја поддржат предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.