Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат хрватски медиуми.



„Денеска, 16 февруари 2023 година, во 10 часот и 47 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Башчанска Драга на Крк.

Јачината на земјотресот беше 4,8 степени според Рихтер. скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на VI степен ЕМС скала.Земјотресот е почувствуван низ хрватското крајбрежје“, соопштија од Сеизмолошката служба.

Холандскиот истражувач Френк Хугербитс, кој ги предвиде неодамнешните катастрофални земјотреси во Турција и Сирија, во видеото на YouTube објавено пред четири дена рече дека 16 и 17 февруари се критични за „потенцијални големи сеизмолошки настани“ во централниот Медитеран.

Тој на картата прецизно ги означи областите Истра, Кварнер и јужна Италија.