
Тактиката на премиерот е следната година да се распишат редовни претседателски избори неколку месеци пред редовните парламентарни што би требало да се одржат во јуни

Иако на прв поглед делува дека власта е прилично загрижена за бројот на пратеници што ќе го напуштат бродот по партиските рокади напревени во рамките на владината реконструкција, сепак, најважната и најнова цел на премиерот Димитар Ковачевски е покрај себе да го има „светото тројство“ составено од СДСМ, ДУИ и од Алијанса за Албанците, а од кое наскоро очекува да изникне заеднички кандидат за претседател на државата, дознава Плусинфо од извори блиски на СДСМ.
Во ситуација кога обезбедувањето двотретинско мнозинство во Собранието се претвора во невозможна мисија, а сѐ помали се шансите да се исполни и барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори, власта решава да сврти нова страница и да се концентрира на претседателските избори што треба да се одржат во 2024 година.
Стратегијата на премиерот Ковачевски, брифираат изворите, се состои од тоа под своја закрила да ги има двете најсилни политички партии од албанскиот блок, оставајќи ја опозициската ВМРО-ДПМНЕ без силен сојузник кога се во прашање албанските партии.
Тактиката на премиерот е следната година да се распишат редовни претседателски избори, неколку месеци пред редовните парламентарни, што би требало да се одржат во јуни. Откако ќе се распишат изборите, планот на Ковачевски и на неговите партнери Али Ахмети и Арбен Таравари е да формираат предизборна коалиција и да изберат заеднички претседателски кандидат кој ќе им се спротивстави на кандидатите од расцепканата опозиција: ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Беса…
Според пресметките на власта, евентуалната победа на претседателските избори дефинитивно ќе значи и силен ветер во грбот за време на парламентарни избори што би се одржале четири-пет месеци подоцна.
Целата анализа на следниот линк:




