Телевизија Телма успеа да го сними денешниот изглед на Драган Даравелски, поранешниот директор на Царинската управа, кој 20 години беше во бегство.
Даравелски излезе од затвор по 35 дена минати во Идризово.
Тој воопшто не застана пред новинарот да даде било каква изјава, но барем, камерата на Телма успеаја да го уловат неговиот сегашен изглед.
Надвор пред затворот го чекаа два автомобила со затемнети стакла, а тој се качи во еден од нив и се упатија кон Куманово.
Даравелски, ко во отсуство беше осуден на седумгодишна затворска казна, очекува ново судење на кое ќе биде ослободен поради застареност на делото.






