Премиерката кој се бореше за независност на Шкотска поднесе оставка

Првата министерка на Шкотска Никола Старџен поднесе оставка.



Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) рече дека знае „во нејзината глава и во срцето“ дека е време да се повлече по речиси една деценија на власт.

Таа се залагаше за независност на Шкотска и се спротивстави на Брегзит.

52-годишната Старџен заминува како лидер на Шкотска и шеф на СНП, најголемата партија во самоуправниот парламент, откако се соочи со зголемен притисок поради нејзините напори за независност на Шкотска и за правата на трансродовите.

Старџен ќе остане како прв министер додека СНП не избере нов лидер.

Старџен, која стана првата жена лидер на Шкотска кога ја презеде власта во 2014 година, вети дека ќе продолжи да се залага за независност на Шкотска.

На тој референдум Шкотите го отфрлија отцепувањето од остатокот од Обединетото кралство.

Старџен бараше нов референдум но Владата во Лондон, која мора да одобри нов референдум, инсистира дека гласањето во септември 2014 година било настан што се случува еднаш во генерација и одбива да дозволи нов.

Од 2021 година, желбата за независност е во застој, со голем број неодамнешни анкети на јавното мислење кои покажуваат опаѓање на поддршката во Шкотска за отцепување.