
Министерке….некој таму од советниците/комисијата ве лаже. Почетоците на Цветанка Ласкова никако не можат да се поврзат со почетоците на Скопскиот фестивал. Таа се појавува на фестивалот во 1974……. ама истиот своето прво издание го има уште во 1968 година. Значи….таа е само една од стотината изведувачи кои поминале низ Универзална сала во тие 10-12 години постоење на фестивалот (до 1980 година).
Ова е дел од реакцијата на Тошо Филиповски, хроничар на македонската рок музика и автор на четири капитални изданија, меѓу кои „Македонска рок енциклопедија“ и Монографијата „Мизар откровенија 1981 – 2021“ во врска со резултатите од годишниот конкурс на Министерството за култура за финансирање проекти од национален интерес
Тој потенцира дека никаква паралела не може да се повлече, ниту пак нејзиниот печат на истиот има релевантен карактер.
– Безначајно. Па со самото тоа е и ништожна вашата интенција да ги поврзете овие две кариери, на Скопски фестивал и на Цветанка Ласкова. Патем, 60 години рок музика во Македонија е далеку позначаен јубилеј….и од Цветанка и од Скопски фестивал….кој вашите вашите советници/комисија го протолкуваа како неважен/незначаен за одбележување“, напиша Филиповски во пораката преку Фејсбук.
Според него да си во комисија за култура, или да си министерка за култура, и да потпишеш дека поддршка за печатење на Монографија за Горан Трајкоски не е од Национален интерес, значи само едно – дека сте жевееле/живеете во некој паралелен универзум во кој сте немале/немате никакви допирни точки со автентичната македонската музичка култура во изминативе 4-5 децении.
Филиповски се придружи на бројните реакции за резултатите од конкурсот, а меѓу другите остро реагираше и Друштвото на писатели на Македонија затоа што беа одбиени неколку меѓународно признати писатели.
Филиповски конкурирал со проект Монографија за Горан Трајковски, едно од најголемите рок имиња во Македонија и беше одбиен, како што беше одбиен и изминатите години за своите капитални дела кои самостојно потоа ќе ги издаде: Македонска рок енциклопедија 1963-2018, Македонска дискографија-Винили 1958-2019, Македонски рок времеплов и Мизар-Откровенија 1981-2021.





