Турските власти известуваат за 35.418 смртни случаи само во таа земја по разорниот земјотрес со сила од 7,8 степени според Рихтер и илјадниците последователни удари кои го погодија подрачјето на кое живеат 23 милиони жител долж турско-сириската граница.
Со тоа вкупниот број на загинати во Турција и Сирија веќе надминува 40.000 луѓе
Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави во вторникот вечерта дека повеќе од 13.000 луѓе се лекуваат во болниците.
Сега е време да се „залечат раните, да се олесни болката и да се обнови уништеното“, рече Ердоган.
Потрагата по преживеани продолжи осми ден во вторникот и покрај сè помалите надежи.
Во провинцијата Кахраманмарас, доброволци спасија двајца браќа на возраст од 17 и 21 година во вторникот наутро. Тие наводно биле заробени под урнатините цели 198 часа.
Во провинцијата Адијаман, наводно, бил спасен 18-годишен маж, кој исто така бил закопан 198 часа.
Во провинцијата Хатај, 26-годишна жена е спасена жива по 201 час под урнатините, а 35-годишна жена по 205 часа.






