Австрискиот канцелар Карл Нехамер во разговор со австриските новинари го потврди неговиот став во однос на ветото против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија.
„Ветото ќе остане на сила се додека системот е ‘нефункционален’“, рече Нехамер, како што пренесуваат бугарски медиуми.
Тој притоа потсети на 75.000 нерегистрирани мигранти кои побарале статус на бегалец во Австрија, откако ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија.
Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија.
Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница.
Тој изјави дека во тоа време Австрија не се вознемирила, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.






