Прашање за министерот: Му верува ли Бујар на Пендиков?

Новинарот Ивор Мицковски реагира на изјавата на македонскиот „бугарин“- кој официјално се’ уште не е тоа – Христијан Пендиков кој за БТВ изјави дека во Македонија било нормално „да се тепаат “Бугари.



Изјавата натепаниот охриѓанец, кој експресно беше префрлен со бугарски владин авион на лекување во Софија, ја даде ден пред денешната средба на министерот Бујар Османи со претставници на македонските Бугари цво Македонија, па новинарот констатира, но и прашува:

„Каква акција ни спроведоа Бугарите и како нашиот министер Бујарчо им даде легитимитет за инсцениранава драмолетка.

Му верува ли Бујар сега на Пендиков, верува ли Бујар дека лажираме историја, дека се тепаат малцинства, дека ние сме виновниците во овој наметнат спор и силеџиство.

Бујар треба да си преземе одговорност за овие махинации, затоа што ги легитимираше и стана дел од театарот на Софија и нивните служби“, пишува Мицковски на Фејсбук.

Да потсетиме, Пендиков за БТВ изјави: „Сонувам да се вратам во Македонија и да можам да кажам дека сум Бугарин:“За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“„За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, пукаат затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави“.