„Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“ велат од Основниот кривичен суд во врска барањето на адвокатите на Драган Даравелски одново да му се суди.
Уапсен Драган Даравелски по 20 години бегство
Ваквата одлука на второстепениот суд доаѓа откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје се жалеше на одлуката на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, кој по добиено барање од адвокатот на Даравлески за повторување на кривичната постапка, на 3 февруари донесе решение со кое утврди дека барањето е основано и се дозволува повторување на кривичната постапка.
Кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување.






