Захарова: Запад го притиска Киев да војува „до последниот Украинец“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека американските власти вршат притисок врз Киев да ги продолжи непријателствата.



Таа изјави дека тоа е „војна на Западот против Русија до последниот Украинец“ и додаде дека американските неолиберали ја уништиле Украина и го истребуваат нејзиниот народ, пренесе Б92.

Претходно, Вашингтон пост, повикувајќи се на официјални претставници, објави дека американските власти вршат притисок врз Киев да стане поактивен во борбите, бидејќи подоцна ќе му биде потешко да добие помош.

Според еден функционер, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден верува дека во иднина ќе биде тешко да се побара иста помош од Конгресот како што е сега.

„Таканареченаа војна на Западот против Русија до последниот Украинец. Американските неолиберали ја уништија Украина и го истребуваат украинскиот народ. Американските хегемонистички амбиции водат до колосални жртви“, напиша Захарова на Телеграм, пренесе РИА.