Премиерот Димитар Ковечевски повика функционерите на ДС да си поднесат оставки, а напуштањето на владиното мнозинство на Демократски сојуз за него незначи слабеење на парламентарното мнозинство.
„Ме радува што Демократскиот сојуз останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки, што не можеше да се потврди досега во праска, освен декларативно, бидејќи видовме дека и вчера не го гласаше пратеникот на Демократски сојуз договорот ФРОНТЕКС, за жал.
Сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Тој тоа го најави во петокот кога имавме средба со него но сакаа да го соопштат самите. Очекувам нивните функционери во текот на денот да ги поднесат своите оставки. Тука пред се мислам на заменик-министерот за локална самоуправа. Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев“, рече премиерот Ковачевски
Трајанов го најавил излегувањето од Влада во петокот на средба со премиерот.
Премиерот очекува реконструкцијата на Владата да помине со над 64 гласови.







