„Што не е во ред со лицето на Ал Пачино?“, „Пачино се подготвува за улогата на Трамп?“, се само дел од бројните коментари откако на социјалните мрежои се појави фотографија со изгледот на легендарниот актер.



Папараците го уловија Ал Пачино (82) пред ресторан во Западен Холивуд, а на фотографиите се гледа дека има исончани образи, нос и чело, додека кожата околу очите и ушите и на вратот е неколку нијанси побледа.

Фотографиите на Пачино со портокалово лице брзо станаа вирални, а обожавателите се прашуваа што се случи со него.