Енергетска криза: За Србија 165 милиони евра помош од ЕУ

Денес е потпишан финансискиот договор за енергетскиот пакет на ЕУ за поддршка на Србија во вредност од 165 милиони евра, односно помош која ќе помогне оваа земја да се справи со актуелната енергетска криза.



„Денеска потпишаното претставува 1 процент од нашиот приход за годишниот буџет. Тие ги дадоа своите пари од своите даночни обврзници…

Ова е голем подарок за нас, многу пари, и се надевам дека ќе можеме да се заблагодариме “, рече Вучиќ.

Тој посочи дека размената на стоки со ЕУ е зголемена за 4 пати, дека има околу 2 милијарди директни инвестиции.